Види аукција 2009
 
Види аукција 2010


 
ПРОГРАМА И АУКЦИЈА

КАДЕ
хотел Александар Палас
КОГА
06 март, вторник, со почеток во 20.00 часот

ПРОГРАМА
 
Пречек на гостите

Регистрација на гостите за учество во аукцијата

Сместување на гостите и почеток на првиот дел од аукцијата – ЈАВНА АУКЦИЈА

Во забавниот дел на програмата ќе настапат учениците од "Димитар Влахов", танчерите од ПРИМА ДАНЦА, и.... наскоро ќе Ви откриеме повеќе!

По завршување на јавната аукција ќе следува тивка аукција и коктел.

 
НАПОМЕНА: Организаторите го задржуваат правото за промена на делови од програмата
 
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО АУКЦИЈАТА

    * СИТЕ ГОСТИ ИМААТ ПРАВО И ПОДДЕДНАКВА ШАНСА ДА УЧЕСТВУВААТ И ВО АУКЦИЈАТА
    * За да бидете дел од аукцијата, при самото пристигнување, на влезот ќе треба да се регистрирате и да земете табличка со број со кој ќе можете да лицитирате.
    * Почетокот на директната аукција ќе биде јасно најавен од страна на водителите, а секој експонат ќе биде одделно претставен.

ЈАВНА АУКЦИЈА

    * - При почетокот на аукцијата која јасно ќе биде најавена од страна на водителите, секој производ ќе биде одделно претставен на посетителите.
    * Водителите ќе ја објават почетната цена за наддавање.
    * Со подигнување на вашето бројче можете веднаш да лицитирате.
    * Минималната сума за која можете да го зголемите влогот ќе биде различен во зависност од производот.
    * Максималната сума не е лимитирана и доколку сакате да понудите поголема сума од минималната определена, ќе треба гласно да ја кажете својата понуда.
    * Во случај истовремено да се јават двајца или повеќе понудувачи, водителите ќе треба да му дадат предност на оној што бил најбрз во понудувањето, а потоа да им дадат можност на другите да го зголемат понудениот влог.
    * Производот ќе се смета за продаден кога по последната понудена сума нема да се јават други наддавачи, а при тоа водителите три пати ја потврдиле последната понуда и извикале ПРОДАДЕНО НА БР....
    * Во случај некој од наддавачите да даде нова понуда после првиот или вториот повик на водителите, наддавањето за тој производ продолжува.

 
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА ЕКСПОНАТИТЕ

    * Купените експонати ќе можат да се подигнат веднаш по завршување на програмата, за време на коктелот.
      Паричните средства за купените експонати ќе се наплаќаат веднаш по завршување на програмата, за време на коктелот, на строго определени пунктови во готово или со кредитни картички.
      Сите собрани средства од аукцијата се наменети за обезбедување на помош за учениците на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид "Димитар Влахов" - Скопје

 
Однапред Ви благодариме.
 

Здружение на граѓани
ПОЗИТИВО
жиро с-ка: 210 - 0653832001 - 47
НЛБ Тутунска банка